Додека бројот на пчели постојано се намалува во светот, делумно поради климатските промени и прекумерната употреба на пестициди во земјоделството, во Австралија е откриен нов автохтон вид на пчела. За разлика од класичните пчели на кои сме навикнати во нашата средина, оваа австралиска изгледа малку поинаку. Како што наведоа научниците, пчелата има мали рогови на главата, што ги инспирирало да ѝ дадат „ѓаволско име“ – Мегачиле Луцифер. Тие велат дека инспирацијата ја добиле гледајќи ја популарната серија „Луцифер“.
Научниците наишле на оваа необична пчела додека набљудувале редок див цвет, кој расте само во планинскиот венец Бремер во Западна Австралија.
Како што објаснуваат, роговите на нејзината глава се многу препознатливи, но се наоѓаат само кај женската пчела. Тие сугерираат дека пчелите би можеле да ги користат како одбранбен механизам, да помогнат во собирањето полен или дури и да соберат материјал за градење гнезда.
Тие истакнуваат дека ова е првиот нов вид пчела откриен во последните 20 години.
Како што д-р Кит Пендергаст од Универзитетот Куртин истакна за ВВС, името Луцифер не е само почит кон појавата на оваа пчела, туку и референца за истакнување на потребата од подобро зачувување на домашните пчели и разбирање на тоа како се опрашуваат загрозените растенија.
Извештајот за новооткриената пчела е објавен во весникот Journal of Hymenoptera Research.
(Zimo)
(фото: YouTube)



