ВИДЕО: Студентка на МИТ направи биоразградлива пластика од рибји крлушки

- Advertisement -


Жаклин Правира, студентка на последна година на Одделот за наука и инженерство на материјали (DMSE) на МИТ, развила биоразградливи материјали слични на пластика од отпадни рибји крлушки.

„Во основа, пластиката ја направивме премногу добра во она што го прави. Тоа исто така значи дека животната средина не знае што да прави со неа, бидејќи едноставно нема да се распадне, а сега буквално се давиме во пластика. До 2050 година се очекува пластиката да биде побројна од рибите во океанот.“ рече Правира.

- Advertisement -

Правира пронашла инспирација на азиски пазар за риби на кој нејзиното семејство често оди. Откако рибите што ги купуваат ќе се исчистат, крлушките обично се фрлаат.

Но, почнав да забележувам дека тие всушност беа доста цврсти. Беа тенки, донекаде флексибилни и доста лесни за нивната цврстина. И тоа ме натера да размислувам: кој друг материјал ги има тие својства? Пластиката.“ вели Правира.

- Advertisement -

Таа го трансформирала овој отпаден производ во транспарентен, тенок материјал што може да се користи за производи за еднократна употреба како што се кеси, амбалажа и прибор за јадење, како што можете да видите од видеото во прилог.

Нејзиниот материјал од рибја лушпа, како и композитот што го развила, не само што имитира пластика, туку се справува и со еден од најголемите недостатоци на пластиката. „Ако ги ставите во средини за компостирање, тие природно ќе се распаѓаат сами без многу, ако воопшто има, надворешна помош“, вели Правира.

- Advertisement -

Ова не е првата еко-иновација на Правира. Работејќи во лабораторијата на професорот од DMSE, Јет-Минг Чианг, таа помогнала во развојот на процес со ниска содржина на јаглерод за производство на цемент, најшироко користениот градежен материјал во светот и главен емитер на јаглерод диоксид. Процесот, наречен силикатско отстранување, овозможува формирање на соединенија на пониски температури, намалувајќи ја употребата на фосилни горива.

Правира и нејзините копронаоѓачи во лабораторијата на Чианг, исто така, користат метод за екстракција на вреден литиум без отпад. Процесот е патентиран и се комерцијализира преку стартапот Rock Zero.

За своите достигнувања Правира неодамна ја доби стипендијата „Бари Голдвотер“, која се доделува на студенти на додипломски студии кои се стремат кон кариера во науката, математиката или инженерството.

(Vidi.hr)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -