Студенти од Факултетот за ликовни уметности и Машинскиот факултет при УКИМ учесници на зимската школа „Недела на дизајнот 2025“ во Марибор

- Advertisement -

Студенти од Факултетот за ликовни уметности и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје учествуваа на меѓународната зимска школа „Design Week 2025“, организирана од Машинскиот факултет при Универзитетот во Марибор, Словенија. Програмата се одржа од 19 до 25 октомври и претставуваше значајна можност за академска размена, интердисциплинарна работа и унапредување на знаењата во областите на дизајнот и техниката.

На зимската школа учествуваа студенти од Машинскиот факултет – Скопје под менторство на вонр. проф. д-р Јелена Џокиќ и студенти од Факултетот за ликовни уметности под водство на проф. м-р Ладислав Цветковски.

- Advertisement -

„Design Week 2025“ обедини повеќе од 20 професори и експерти од различни професионални области, како и 68 студенти од 10 држави, кои работеа во рамки на осум тематски работилници. Темите беа насочени кон современ дизајн, интердисциплинарни пристапи, одржливо искористување на културното наследство и зајакнување на колективната одговорност во креативните индустрии.

Интензивната недела исполнета со креативност, тимска работа и размена на знаења заврши со изложба на финалните проекти во холот на Машинскиот факултет во Марибор, каде учесниците ги претставија своите решенија и концепти на пошироката академска јавност.

- Advertisement -

Учеството на студентите од УКИМ беше овозможено преку програмата ЦЕЕПУС, која поддржува академска мобилност и регионална соработка меѓу универзитетите од Централна и Источна Европа.

Сподели!
- Advertisement -