Oтворен највисокиот хотел во светот – висок е 377 метри

- Advertisement -

Хотелот Ciel Dubai Marina официјално е признат како највисок хотел во светот, бешее отворен во Дубаи.

  • Првите гости се сместија во Ciel Dubai Marina, највисокиот хотел во светот. Со висина од 377 метри, тој е повисок од хотелот Гевора, висок 356 метри, исто така сместен во Дубаи.

Хотелот има 82 ката и 1.004 соби и апартмани, а го има и највисокиот бесконечен базен во светот, на 76-ти кат – 310 метри над градот, додека спа-центарот и теретаната, кои се отворени 24 часа на ден, се наоѓаат на 61-ви кат.

- Advertisement -

Дубаи моментално е дом на осум од десетте највисоки хотели во светот, вклучувајќи го и иконскиот Бурџ Ал Араб во облик на едро, кој со својата кула достигнува висина од 321 метар.

Највисокиот хотел има осум ресторани и барови. Tattoo Dubai, модерен азиски ресторан, се наоѓа на три нивоа: ресторан на 74-ти кат, базен на 76-ти кат и Sky Lounge на 81-ви кат. На 76-ти кат се наоѓа највисокиот базен во светот (Tattoo Sky Pool), 310 метри над земјата, додека на 81-ви кат се наоѓа Tattoo Sky Lounge and Terrace, со поглед од 360 степени и панорамски клуб.

- Advertisement -

На 61-ви кат е планиран спа центар, како и теретана отворена 24 часа. Хотелот има атриумска градина: вертикални зелени градини во атриумот на кулата, кои овозможуваат природна вентилација. Хотелот се наоѓа во срцето на Дубаи Марина, што значи лесен пристап до плажи, трговски центри и туристички атракции.

Хотелот има прозорци од подот до таванот, што овозможува импресивен панорамски поглед. Протокот на воздух, дизајнот и обликот на зградата се резултат на сложени CFD (компјутерска динамика на флуиди) анализи и моделирање на аеротунел за да се обезбеди кулата да биде стабилна и елегантна по изглед.

- Advertisement -

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -