Имлек добива нови сопственици

- Advertisement -

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет.

За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно согласување со кое Imlek преминува во сопственост на семејниот инвестициски холдинг на Андреј Јовановиќ (AJFH) како водечки инвеститор и Бојан Радун, долгогодишен генерален директор на Imlek, кој ќе продолжи да ја води компанијата и во новата структура. Договорот предвидува завршување на трансакцијата во првиот квартал од 2026 година, согласно сите редовни процедури на купопродажба.

- Advertisement -

Претприемачите Јовановиќ и Радун истакнуваат дека во Imlek гледаат огромен потенцијал за натамошен раст и развој преку засилени инвестиции, унапредување на оперативната ефикасност и континуирани иновации во производството и портфолиото. Компанијата е препознатлива по силните брендови, а нејзината водечка пазарна позиција на Западен Балкан претставува значајна основа за понатамошно проширување.

Под капата на Imlek функционираат четири производствени капацитети, каде покрај Бимилк и два производни погони во Србија, е и Млијекопродукт од Босна и Херцеговина. Компанијата годишно преработува околу 350–400 милиони литри сурово млеко и соработува со повеќе од 3 500 фармери во регионот.

- Advertisement -

Со најавената промена на сопственоста, Imlek влегува во нова развојна фаза која дополнително ќе ја зајакне неговата позиција како најголем млечен бренд на Балканот, со јасна визија за раст, модернизација и поддршка на локалното производство.

Сподели!
- Advertisement -