Најголемиот крузер во светот е опремен со професионални телевизори и паметни дисплеи на Samsung, поставени во гостинските кабини, просторите за екипажот и заедничките зони.
Во текот на 21-годишното партнерство, Samsung има испорачано повеќе од 200.000 дисплеи низ глобалната флота на Royal Caribbean, зацврстувајќи ја својата улога како водечки добавувач на дисплеј-технологии за овој крузерски бренд.
Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека испорача повеќе од 6.000 професионални телевизори и паметни дисплеи за бродот Star of the Seas на Royal Caribbean – крузер кој се опишува како „најдобриот семеен одмор на светот“. Инсталацијата ги опфаќа гостинските кабини, просториите за екипажот и јавните простори, вклучувајќи барови, лоунџ-зони и театарски сали. Оваа соработка претставува нова пресвртница во долгогодишното партнерство, при што Samsung веќе 21 година е официјален добавувач на дисплеј-технологии за флотата на Royal Caribbean.
Star of the Seas го заврши своето прво патување од Port Canaveral, Флорида, во август 2025 година и е втор брод од Icon-class серијата крузери на Royal Caribbean.
Samsung Hospitality TVs и Smart Signage поставуваат нов стандард за доживување на бродот
Специјално дизајнирани за хотели и други угостителски објекти, Crystal UHD телевизорите на Samsung (модел HBU8000) се инсталирани во сите гостински кабини на Star of the Seas. Благодарение на Dynamic Crystal Color технологијата, која може да прикаже повеќе од една милијарда нијанси, овие телевизори нудат 4K UHD резолуција и природна, прецизна слика, овозможувајќи јасно, живописно и динамично гледачко искуство во текот на целото патување.
Секој телевизор во кабината служи и како централна точка за информации: прикажува персонализирана порака за добредојде, дневен распоред на активности, информации за дестинациите, временска прогноза и важни известувања, а гостите можат повторно да ги прегледуваат бродските програми и објави тогаш кога ним им одговара.

Во јавните простори на бродот се поставени и ултра-тенки UHD дисплеи од серијата QMC, кои прикажуваат високорезолуциска содржина – од информации и најави, до промотивни видеа и програмски содржини – и при тоа го користат просторот максимално ефикасно. Овие паметни дисплеи обезбедуваат јасни и привлечни визуели во лоунџ-зоните, чекалните, театарските сали и другите заеднички простори.
Две децении соработка заснована на иновации
Од 2004 година, Samsung има испорачано повеќе од 200.000 професионални телевизори и дисплеи на 28 брода во глобалната флота на Royal Caribbean. Ова вклучува и над 6.000 дисплеи за Icon of the Seas – сестринскиот брод на Star of the Seas – кој беше пуштен во употреба во 2024 година.
Поткрепен со 17 последователни години како глобален лидер на пазарот за комерцијални дисплеи, Samsung продолжува да ја предводи индустријата во испорака на доверливи, технолошки напредни решенија, прилагодени на потребите на угостителството и туристичката индустрија.
„Она што го постигнавме со Royal Caribbean во изминатите 20 години е доказ за нашата заедничка посветеност на иновациите и на испораката на врвно искуство за гостите,“ изјави Hoon Chung, извршен потпретседател на Visual Display бизнисот во Samsung Electronics. „Како што расте побарувачката за побогати забавни содржини, горди сме што ги испорачуваме нашите најдинамични професионални дисплеи за Star of the Seas и со нетрпение очекуваме да ја прошириме соработката во годините што следат.“

Samsung ги проширува решенијата за дисплеи во мали и компактни простори
Надоврзувајќи се на своето лидерство во решенија за крузери, хотели и други угостителски објекти, Samsung го претстави и моделот HF8000F – 24-инчен професионален телевизор дизајниран за компактни простори, како што се кабини за екипажот, болнички соби и помали хотелски соби. Како што расте побарувачката за помали дисплеи што се вклопуваат во повеќекреветни или просторно ограничени простории, HF8000F нуди компактно решение со голем дел од можностите на телевизорите на Samsung од линијата за 2025 година, вклучувајќи Google Cast, Apple AirPlay, управување на далечина преку LYNK Cloud, безбедносната платформа Samsung Knox, услугата Samsung TV Plus и паметната платформа Smart Hub.
HF8000F веќе е достапен во повеќе региони, меѓу кои САД, Канада, Австралија и Сингапур. За повеќе информации за решенијата на Samsung за професионални дисплеи и телевизори за угостителство, посетете ја официјалната страница на Samsung.




За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со револуционерни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните екрани, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и решенијата за меморија, LSI системските решенија и производството на чипови (foundry). Samsung напредува и во областите на медицинската визуализација, решенијата за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и во роботиката, додека преку компанијата Harman создава иновативни производи за автомобилската индустрија и аудио-технологиите. Со својот екосистем SmartThings, со отворена соработка со партнери и со интегрирање на вештачката интелигенција во целиот производен портфолио, Samsung овозможува интелигентно и поврзано корисничко искуство. За најнови вести, посетете ја страницата Samsung Newsroom на news.samsung.com.



