Кинезите го лансираат најдолгиот авиолет во светот

- Advertisement -

China Eastern Airlines ќе го вклучи најдолгиот комерцијален лет во светот во својата понуда следната недела, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија медиумите денес.

Линијата, која ги поврзува градовите на оддалеченост од 20.000 километри, ќе започне со работа на 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се речиси на спротивните страни од земјината топка. Аргентинската влада официјално даде зелено светло за новата линија денес, објавувајќи ја одлуката во службеното гласило. China Eastern проценува дека појдовниот лет ќе трае 25,5 часа, а повратниот лет 29 часа.

- Advertisement -

Сепак, тоа нема да биде лет без престан, бидејќи авионот Boeing 777-330ER ќе има една застанка во Окленд, Нов Зеланд, за технички проверки, промена на екипажот и полнење гориво, пишува порталот за воздушен сообраќај Aero. Окленд, патниците ќе можат и накратко да се симнат од авионот за време на двочасовниот престој.

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -