ЕУ одлучи – повеќе нема увезува руски гас

- Advertisement -

Европскиот совет објави дека е постигнат договор со Европскиот парламент за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година, како дел од напорите за ставање крај на енергетската зависност од Русија.

Регулативата претставува правно обврзувачка, постепена забрана за увоз и на течен природен гас (LNG) и на гас преку цевководи од Русија, со целосна забрана од крајот на 2026 година за LNG и есента 2027 година за цевководи.

- Advertisement -

Како што е наведено во соопштението, ова придонесува за целокупната цел за постигнување на отпорен и независен енергетски пазар на ЕУ, а воедно и зачувување на безбедноста на снабдувањето. Данскиот министер за клима, енергија и комунални услуги, Ларс Агард, рече дека „овој договор е голема победа за Данска и за цела Европа“.

  • Треба да ставиме крај на зависноста на ЕУ од рускиот гас, а неговото трајно елиминирање во ЕУ е голем чекор во вистинската насока. Многу сум задоволен и горд што успеавме толку брзо да постигнеме договор со Европскиот парламент. Тоа покажува дека сме посветени на зајакнување на нашата безбедност и заштита на нашето снабдување со енергија” додаде тој.

Законодавците потврдија дека увозот на руски гас преку цевководи и течен природен гас (LNG) ќе биде забранет шест недели по стапувањето во сила на регулативата, додека се одржува преоден период за постојните договори. За краткорочни договори склучени пред 17 јуни 2025 година забраната за увоз на руски гас ќе се применува од 25 април 2026 година за течен природен гас и од 17 јуни 2026 година за гас преку цевководи.

- Advertisement -

За долгорочни договори за увоз на течен природен гас забраната ќе се применува од 1 јануари 2027 година, во согласност со 19-тиот пакет санкции.

За долгорочни договори за увоз на гас преку цевководи забраната ќе стапи на сила на 30 септември 2027 година, под услов целите за капацитет за складирање утврдени во Регулативата за складирање на гас да бидат исполнети и најдоцна до 1 ноември 2027 година.

- Advertisement -

Измените на постојните договори ќе бидат дозволени само за строго дефинирани оперативни цели и не смеат да доведат до зголемување на обемот на испораки, се вели во него.

Привремениот договор сега треба да биде одобрен од Советот и Парламентот пред да може формално да се усвои.

Уделот на рускиот гас во увозот на ЕУ изнесуваше 12% во октомври, што е значително намалување од околу 45% пред почетокот на војната во Украина во 2022 година. Унгарија, Франција и Белгија остануваат меѓу земјите-членки кои продолжуваат да увезуваат руски гас. Во исто време, во Србија се забележува повлекување на руските компании од пазарот.

Најзначаен пример е НИС, каде што Русија постепено се повлекува од работењето и го продава својот удел во компанијата, што е дел од поширок тренд на намалување на присуството на Русија во балканскиот енергетски сектор и транзиција кон европските добавувачи на енергија.

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -