Кина воведува нова индустриска гранка – тврдат дека ќе вради над 131 милијарда евра до 2035 година

- Advertisement -


Се чини дека Кинезите ќе станат лидери во развојот на роботски системи со вештачка интелигенција, бидејќи започнаа академска програма на национално ниво за обука на нови експерти во оваа област. Известување од кинеското Министерство за образование наведува дека седум водечки кинески универзитети, вклучувајќи го Универзитетот Шангај Џиао Тонг и Универзитетот Жеџијанг, официјално поднеле апликација за започнување на студијата, објавува Business Insider.

Универзитетите го формираат ‘рбетот на инженерскиот екосистем на Кина и учествуваат во клучни национални технолошки програми. Министерството ја опиша студијата како дел од поширок план за развој на таканаречените индустрии на иднината, кои вклучуваат отелотворена интелигенција, квантни технологии и комуникации од следната генерација. Во известување издадено во јуни кинеското министерство изјави дека универзитетите треба да ги оптимизираат своите програми за дипломирање врз основа на националните стратегии, потребите на пазарот и технолошкиот развој.

- Advertisement -

Индустриските проекции, цитирани од Администрацијата за сајбер простор на Кина, проценуваат дека пазарот за индустријата за отелотворена интелигенција ќе достигне околу 700 милиони евра оваа година, ќе порасне на околу 52,5 милијарди евра до 2030 година и ќе надмине 131 милијарда евра до 2035 година. Пекиншкиот универзитет за технологија во својата апликација истакна недостаток од околу 1 милион експерти за работни места поврзани со отелотворена интелигенција.

Инфраструктурата за ова веќе се развива. Шангајскиот универзитет Џиао Тонг ја предводи Групата за машински вид и интелигенција, додека Универзитетот Жеџијанг го основа Институтот за истражување на иновации во хуманоидните роботи, посветен на развој на хуманоидни роботи кои ги надминуваат човечките способности во движењето и манипулацијата. Корпоративниот сектор, исто така, го забрзува развојот, како што покажува хуманоидниот робот R1, кој кинеската групација Ant го претстави во септември.

- Advertisement -

Пекингшкиот универзитет за технологија планира да запишува 120 студенти годишно, насочувајќи ги кон државни компании како што се Norinco и Корпорацијата за воздухопловна наука и технологија на Кина, и технолошки компании како што се Huawei, Alibaba, Tencent, Byte Dance и BYD преку курсеви за перцепција и машинско учење за роботика.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Automatizalo)

Сподели!
- Advertisement -