Alibaba ќе продава автомобили од џиновски автомати по улици

- Advertisement -

Е-трговецот Alibaba склучи договор со автомобилската компанија Ford да продава електрични возила во Кина. Компанијата планира да користи џиновски автомати за да ја олесни продажбата. Корисниците ќе го скенираат автомобилот за кој се заинтересирани со апликацијата за шопинг Taobao на Alibaba. Ќе можат да изберат боја, да внесат некои основни информации и да направат селфи.

Како што пишува Светскиот економси форум, селфито ќе се користи за да се идентификува корисникот кога ќе појде до автоматот со автомобили. Технологија за препознавање на лице ќе го спореди лицето со нарачкаѕа и ќе се извади соодветниот автомобил од складиште.

- Advertisement -

Корисниците ќе имаат период од три дена да го тестираат возилото пред да одлучат дали че го купат. Кога ќе се одлучат, ќе можат да платат преку апликацијата или да го вратат автомобилот и да побараат тест возење со друг автомобил. Секој корисник ќе може да добие до 5 тестирања на возило секои два месеци со цел услугата да не се користи за бесплатно возење.

Alibaba планира да направи два такви автомати во јануари 2018 година. Едниот ќе се наоѓа во Шангај, а другиот во Нанџинг. Доколку се покажат успешни, компанијата се надева дека во текот ан идната година ќе постави слични автомати на повеќе локации.

Сподели!
- Advertisement -