Ако се сомневате дека партнерот или децата ви го користат телефонот, еве како да проверите

- Advertisement -

Смартфоните ги користиме за се и сешто, но овие уреди во себе скриваат и многу работи кои не треба да ги видат ситем како, на пример, фотографии кои не се за сечии очи, приватна комуникација, документи, имејлови и сл. Затоа е битно да имаат добра заштита – биометрија, односно пин кој нема да може да го открие секој и да ви ги открие тајните.

Но, што е со луѓето кои го знаат пинот, како што е партнерот, децата и другите лица во кои имате доверба? Како да дознаете дали тие чепкаат по телефон додека вие спиете или не ги гледате? Daily Mail пишува дека постојат повеќе начини да се дознае дали вашиот партнер или некој други ви работи зад грб, односно без ваш знаење гледа содржини на телефон.

- Advertisement -

Еден начин е да ја проверите историјата на пребарување на интернет на пребарувачот кој го користите. Ако најдете страници кои не сте ги отвориле вие, тогаш некој друг ви го користел телефонот.

Потоа, можете да ла проверите листата со последно отворени апликации и да видите кои се отворени последни. Ако таму има некои кои не сте ги користеле вие, тогаш некој друг ги отворил. Но, тука е лесно да се избришат и да се скријат активностите.

- Advertisement -

Потоа, ако некој ви испоратил порака, а вие не сте ја прочитале, но таа сепак стои како прочитана, очигледно тоа го направил некој друг. Понатаму, времето на користење на екрано. Телефоните следат колку е активен екранот во текот на денот и достапна е статистика која покажува кои апликации сте ги користеле, колку време и кога. Проверете ја таа статистика и времето кога не сте го користеле телефонот.

Траењето на батеријата – ако после некое време погледенте во телефон, а процентот на батеријата е многу мал, тоа е знак дека некој можеби го чепкал вашиот уред. Се разбира, ако таа ситуација со батеријата се повторува, можеби треба да ја смените батеријата, а се препорачува и да го скенирате телефонот за некој злонамерен софтвер кој можеби работи во позадина и ја троши.

- Advertisement -

Голема потрошувачка на податоци – невообичаено големата потрошувачка на податоци може да биде еден од знаците дека некој без ваше знаење го користи вашиот телефон за активности кои се доста захтевни.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -