Qualcomm претстави молњевито брз модем кој од крајот на 2021 година ќе се најде во сите врвни уреди на пазарот

- Advertisement -

Qualcomm има нов модел, а неговата брзина е неверојатна, односно може да презема податоци од интернет со брзина од 10Gbps. До крајот на 2021 година тој модем ќе се најде во сите врвни уреди кои ќе излезат на пазарот, односно во мобилни телефони, компјутери, мобилни хотспотови, роботи и приватни 5G мрежи на компании.

Системот Snapdragon X65 5G Modem-RF ќе им овозможи на крајните корисници, освен неверојатна брзина на сурфање на интернет, помала потрошувачка на батеријата во уредите кои во себе ќе го имаат тој модем. Освен тоа, новиот модем на Qualcomm ќе овозможи подобра покриеност со мрежа, помала латентност, а и апликациите побрзо ќе реагираат на командите. Сето тоа значи и поголема стабилност и чистина на видеата, но и подобро искуство на играње онлајн компјутерски игри.

- Advertisement -

Qualcomm го претстави и послабиот систем X62 5G Мodem-RF, кој има брзина од 4,4 Gbps и е наменет за поевтини телефони. Модемот X65 има дури осум антени, за разлика од стандардните четири. Иако ретко ќе можете да посигнете брзина на преземање податоци од 10Gbps, брзината која тој модем ја овозможува ќе биде повеќекратно поголема од она на што се навикнати корисниците на 4G мобилни телефони.

(CNET)

- Advertisement -

(фото: Qualcomm screenshot)

Сподели!
- Advertisement -