Ми-Да Гранд Моторс ја предаде донацијата од акцијата во која со секое продадено возило се обезбедија средства со помош на кои беа набавени производи кои ќе служат во дневниот центар за деца кои не одат на училиште во склоп на Првата детска амбасада „Меѓаши“.
„Како општествено-одговорна компанија, ја предаваме донацијата во Меѓаши и ветуваме дека и понатаму ќе организираме активности со хуманитарен карактер. Ми-Да Гранд Моторс е сериозна компанија која го одржува ветениот збор“ вели Предраг Николовски маркетинг менаџер.
Од тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши се заблагодарија за донацијата.
„Корпоративната општествена или социјална одговорност кон вулнерабилните групи деца е од исклучително значење не само за заедницата туку и за самите компании. Современите успешни компании покрај основната профитна ориентација промовираат општествено одговорно однесување, односно ја потенцираат засегнатоста на компаниите за општествените проблеми и нивно активно учество во решавањето на истите. Токму затоа, за поздравување е акцијата на Ми-Да Гранд Моторс која како социјално одговорна компанија овозможи попусти за возилата и од секое продадено возило за време на Blue Friday деновите (3, 10 и 17 ноември 2017) одвои дел од средствата кои ги донираше за децата од Дневниот центар при Детската амбасада МЕЃАШИ. Со средствата добиени од оваа акција на децата кои не одат на училиште им беа доделени подароци, а ќе биде обезбедена и машина за перење алишта со сушара. Ми-Да Гранд Моторс најави дека соработката ќе продолжи и во иднина“ велат од тимот на Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“.