Меѓународната вселенска станица повторно мора да избегнува вселенски отпад

- Advertisement -

Меѓународната вселенска станица вчера беше присилена да премине во друга орбита за да избегне судир со вселенски отпад, велат руски извори. Моторот на усидрениот вселенски брод Soyuz помогна во маневарот, соопшти руската вселенска агенција Roskozmos.

Летачкиот отпад, како, на пример, од сателити кои веќе не се користат, се смета за сериозен проблем за вселенските патувања. Според руските податоци, ова било вкупно 334. пат Меѓународната вселенска станица да мора да изведува маневар за да избегне судир со летачки парчиња отпад откако е поставена во вселената.

- Advertisement -

Оддалеченоста на станицата од Земјата сега изнесува 418,6 километри, што е 1,2 климоетри подалеку отколку претходно. Моментално на станицата има вкупно 11 членови на екипажот. Четворица од нив би требало да се вратат на Земјатадо крајот на неделата со американскиот вселенски брод Crew Dragon, вклучувајќи ја и руската космонаутка Ана Кикина.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -