Канада забрани увоз на руски производи од алуминиум и челик

- Advertisement -

Канада забрани увоз на сите руски производи од алуминиум и од челик во рамките на новиот пакет санкции кон Русија поради нападите врз Украина.

„Украина може и мора да победи во оваа војна. Ние продолжуваме со напорите да ги намалиме или да ги ограничиме приходите кои се користат за финансирање на илегалната и варварска инвазија врз Украина од страна на Путин“ соошти канадската министерка за финансии, Кристија Фриленд.

- Advertisement -

Забраната на увозот вклучува и готови и недовршени производи од Русија и ќ влијае на увозот на производи од типот на алуминиумски лимови, алуминиумски садови, како и челични цевки, се наведува во соопштението.

Канада досега воведе санкции за повеќе од 1.600 физички и правни лица кои се во врска со Русија и на Украина и овозможи над 3,6 милијарди долари финансиска, воена и друг вид на помош.

- Advertisement -

САД, пак, минатиот месец најавија царина од 200% на рускиот алиминиум и на сродните производи.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: snl.no)

Сподели!
- Advertisement -