Оваа вакуумска преносна сушара ќе ја испари влагата од вашата облека

- Advertisement -

Луѓето што живеат во стан и немаат место за многу апарати,  а не сакаат ни да одат во јавни перални можат да купат компактни машини за перење. Но, ќе имаат проблем со сушењето алишта. Токму затоа им треба еден минијатурен Morus Zero.

Преносната машина може да суши  до 1,5 кг алишта одеднаш, а сето тоа го прави со помош на пумпа која го извлекува воздухот од внатрешната комора. Така внатре се создава вакуум и и овозможува на водата да испари од облеката на многу пониска температура отколку што е инаку возможно.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, се троши помалку топлина и енергија отколку со конвенционалните сушари. Сензор за влага детектира кога се суви алиштата  и автоматски ја запира машината. Еден циклус на сушење алишта трае околу 15 минути. Нема потреба од вентилација затоа што испарената вода се собира во посебен сад. Машината ќе ве извести кога треба да го испразните.

Освен тоа, ултравиолетовата светлина убива 99,9% од бактериите кои може да ги има на облеката. Ако сакате да го купите, Morus Zero моментално собира средства на Kickstarter. Со донација од 299 долари ќе добиете една ваква минијатурна машина за сушење, додека планираната малопродажна цена 549 долари.

Сподели!
- Advertisement -