Компанијата SpaceX сака во април да го направи првиот орбитален тест со ракетата од новаѕа генерација наречена Starship. Според планот на SpaceX, историската мисија треба да се направи на средината или на крајот на идниот месец, а локацијата за лансирање е фабриката Starbase во Тексас.
Компанијата успешно направи проба на крајот на јануари, поради што Илон Маск рече дека орбиталниот тест може да следува во февруари или март, меѓутоа датумот сепак се помести.
Минатата седмица Маск на Twitter порача дека SpaceX ќе биде спремен за лансирање на Starship за неколку недели и дека тоа зависи од лиценцата од Федерлната администрација за авијација, како и дека очекува тоа да се случи во третата седмица од април.
Starship е дел од плановите на SpaceX за испраќање луѓе на Марс. За да го направи тоа компанијата разви вселенско летало од нова генерација, кое ќе може да се користи повеќекратно, а со тоа значајно ќе се намалат трошоците и патувањето до Црвената планета ќе биде изводливо.
Starship е составен од горна фаза висока 50 метри, која се вика Starship, како и масовен бусте од прва фаза наречен Super Heyvy. И двете фази имаат нови SpaceX Raptor ракетни мотори – Super Heavy има 33, a Starshiр има 6 Raptor мотори.
Горната фаза веќе има поминато некои тестови, но само до 10 км висина. Орбиталниот тест планиран за април ќе биде првиот обид на SpaceX да го испрати Starship во орбитата, а исто така ќе биде и прво лансирање на Super Heavy бустерот. Меѓутоа, тоа не значи дека Starship ќе стигне во орбитата. Всушност, Маск неодамна кажа дека шансите за успех се отприлика 50% во првиот обид.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)