Ричард Бренсон се откажа од лансирањето сателити

- Advertisement -

После шест години, подружницата на Virgin Galactic за лансирање сателити соопшти дека повеќе нема средства за финансирање на своите операции и дека ќе биде затворен. Речиси 90% од вработените во Virgin Orbit ќе бидат отпуштени од работа, односно 675 луѓе.

Virgin Orbit е основана во 2017 година со цел развивање и комерцијализација на системот за лансирање сателити наречен LauncherOne, кој е монтиран под модифициран авион „боинг 747“ наречен Cosmic Girl. Системот е дизајниран да лансира 226 кг мали сателити во ниската орбита на Земјата така што ги испалува со помош на ракети на висина од 9.000 до 15.000 метри.

- Advertisement -

И покрај успешниот развој и ширењето на услугите во британската војска, првиот официјален тест на LauncherOne системот во мај 2020 година не беше успешен, односно товарот не стигна до орбитата. Вториот обид беше во јансуари 2022 година и беше успешен, а беа лансирани 10 сателити на НАСА. Исто така, успешно беше направено и првото комерцијално лансирање во јуни истата година. Потоа уште седум сателити беа испратени во орбитата, како и опрема за Американските вселенски сили.

Virgin Orbit направи вкупно шест лансирања од 2020 до 2023 година, а само четири беа успешни. Последниот обид наречен Start Me Up требаше да го обележи првоот комерцијално лансирање од британско тло. Иако ракетата успешно се одвои од авионот, аномалија на горната фаза ја спречи испораката на товарот во орбитата. Подоцна беше установено дека филтер вреден само 100 долари ја уништил мисијата.

- Advertisement -

Основачот на Virgin Group, сер Ричард Бренсон, иневстираше 55 милиони долари во компанијаѕа во изминатите неколку месеци, но неуспешната последна мисија беше капката која ја прели чашата. Поради недостиг на средства, Virgin Orbit објави оперативна пауза.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -