Илон Маск тврди дека има доволно сателити за да стартува негов брз безжичен интернет

- Advertisement -

Големиот план на Илон Маск да обезбеди брз интернет во оддалечените делови од светот со помош на своите сателити наскоро може да се оствари. Имено, неговата вселенска компанија неделава лансираше во орбитата серија од 60 Starlink сателити, со што нивниот вкупен број надмина 700, пишува Ars Technica за стартување на бета верзијата од неговиот брз интернет.

„Кога овие сателити ќе ја достигнат саканата положба, ќе можеме да стартуваме бета верзија на интернет на северот од Америка и се надеваме на југот на Канада“ напиша Маск на Twitter и додаде дека неговиот брз интернет потоа ќе може да стигне и во други земји, во согласност со потребните регулаторни одобренија.

- Advertisement -

Маск не прецизираше кога сателитите ќе ја достигнат својата целна положба, додека астрофизичарот Џонатан Мекдауел од хардварскиот Центар за астрофизика тврди дека тоа нема да се случи пред февруари 2021 година. Маск во април годинава изјави дека бета верзијата од неговиот интернет ќе ја стартува наесен, но како што пишува Ars Technicа, тоа ќе се случи во текот на наредните неколку месеци.

Крајната цел на Маск е да им овозможи на сите луѓе во светот да имаат пристап до побрз безжичен интернет, па дури и во најоддалечените и најсиромашните делови од Земјата. Тоа е од големо значење за земјите кои уште не изградиле потребна инфрструктура за жителите да имаат пристап до мрежа.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -