Римскиот Колосеум добива реставрација со висока технологија

- Advertisement -

Рисмкиот Колосеум ќе биде реставриран, но при реставрацијата во него ќе биде додадена и висока технологија во подовите. Имено, таа реставрација вклучува промена на обликот нс подот на арената, која открива историски тунели и простории сокриени под земја.

Колосеумот е најголемиот амфитеатар во светот, кој може да прими над 60.000 гледачи. Новиот високотехнолошки под ќе оддава чест на оригиналниот дрвен под, под кој гладијаторите и животните чекале да ја видат својата судбина во арената.

- Advertisement -

Конкурсот за дизајнот на подот и реконструкцијата на арената беше одржан на крајот на 2020 година. Победник на конкурсот беше групацијата предводена од компанијата Milan Ingegneria, со архитектоснките компании Labics и Fabio Fumagalli.

Предвидено е проектот да заврши годинава, а би можел и да послужи за одржување на идните културни настани во Колосеумот, како реална реконструкција на гладијаторските борби.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Nature photography)

Сподели!
- Advertisement -