Dior креираше ЛЕД маска против стареење

- Advertisement -

Луксузниот бренд Dior заедно со францускиот експерт за ЛЕД технологија Lucibel креираа ЛЕД маска против стареење, која се вика Dior Skin Light. ЛЕД маската ја дизајнирал Оливие Лапидус, кој работел на иновативен текстил, посебно на ткаенини кои се однесуваат на светлина. Нивното партнерство почнало во јули 2022 година, а се однесува на маска против стареење со футуристички изглед.

Француската луксузна куќа, во сопственост на компанијата LVMH, само што ја претстави маската Dior Skin Light. ЛЕД маската против стареење беше претставена во спа центарот Dior Cheval Blanc во Париз.

- Advertisement -

Маската се продава по цена од 4.000 евра, а сега е достапна на сајтот на брендот Dior, во спа центрите на луксузниот бренд, како и во Dior продавниците во Париз, Лондон, Женева и во Осло.

Благодарение на својата фотофиомодулациска технологија, која кроисти црвено светло за да ги стимулира клетките на кожата, Dior Skin Light е дизајнирана да ја подмлади кожата, да го стимулира производството на колаген и еластин.

- Advertisement -

„За само 12 минути ЛЕД диодите делуваат на црвенилото, порите и серумот помага за блескава, затегната и измазнета кожа“ велат од Dior.

(Cafe del Montenegro)

- Advertisement -

(фото: Dior)

Сподели!
- Advertisement -