На Италија и недостигаат 1 милион работници

- Advertisement -

Италија се соочува со сериозен недостиг на работна сила и и недостигаат околу 1 милион работници во различни економски сектори. Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради годините, а потоа тешко е да се пополни тој јаз со нови луѓе, вели италијанската министерка за труд, Марина Елвира Калдероне.

Таа вели дека владата во Рим работи на тоа да се осигура дека компаниите имаат работна сила која е обчена за работата која е пред нив, а посебно за предизвиците на денешницата и иднината. Ова посебно важи за еколошката и дигиталната трансформација на пазарот за труд.

- Advertisement -

Според податоците на синдикатите, посебно е загрозен туристичкиот сектор кој веќе со години има проблеми со недостиг на работна сила. Угостителите особено се жалат на малиот број кандидати, како и на недостигот на квалификуван персонал.

На италијанскиот земјоделски сектор му се потребни најмалку 100.000 работници за летните и месеците на жетвата, велат од здруѓенијата на земјоделци.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -