Лекот „ремдесивир“ доби зелено светло за лекување на болните од корона вирус во Европа

- Advertisement -

Европската комисија вчера даде условно одобрение за ставање на пазарот на лекот „ремдесивир“. Со тоа „ремдесивир“ стана првиот одобрен лек на ниво на ЕУ за лекување на КОВИД-19. Одобрението на првиот лек за лечење на КОВИД-19 ќе битен чекор напред во борбата против вирусот.

„Одобрението на првиот лек за лекување на КОВИД-19 е битен чекор напред во борбата против вирусот. Одобрението кое го дадовме помалку од еден месец после поднесувањето на барањето јасно ја покажува одлучноста на ЕУ да реагира брзо кога ќе станат достапни нови третмани. Ќе направиме се за да обезбедиме ефикасно лекување или вакцина против корона вирусот“, изјави комесарката за здравство Стела Киријакидес.

- Advertisement -

„Ремдесивир“ засега е одобрен за условно пласирање на пазарот. Условното одобрение е еден од механизмите кој е создаден за да се олесни достапноста на лековите кои би ги задоволите потребите, меѓу другото, и во итни ситуации кога се работи за јавното здравје, како што е случај со моменталната пандемија. Одобрението на Комисијата стигна една недела после препораката на Европската агенција за лекови.

Агенцијата во своето соопштение истакнува дека механизмот условно одобрение овозможува да се препорача некој лек во случај кога не располагаат со сите податоци ако бенефитите се поголеми од ризиците. „Ремдесивир“ е антивирусен лек првично развиен против ебола. Тоа е првиот лек кој се покажа ефикасен кај болните од корона вирусот.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -