ВИДЕО: Погледнете ја рекламата за пица која ја направи вештачка интелигенција

- Advertisement -

Еден програмер кој се нарекува Pizza Later одлучи да користи повеќе алатки со вештачка интелигенција за да направи ТВ реклами за непостоечка пицерија наречена Pepperoni Hug Spot.

Рекламата, за која користел 5 различни модели на вештачка интелигенција, вклучувајќи и GPT4 и Midjourney, изгледа прилично импресивно и сигурно кога ќе ја погледнат, луѓето ќе сакаат да проверат каква пица нудат кога би била вистинска пицерија.

- Advertisement -

Во рекламата може да се видат реалистични луѓе кои јадат, приготвуваат и доставуваат пица со пеперони салама под слоганот “Pepperoni Hug Spot, како семејство, само со повеќе кашкавал”.

Иако може да се види дека ликовите и објектите се со полош квалитет и дека некои сцени нелогично се преклопуваат, ова е уште еден доказ за можностите на вештачката интелигенција, која во иднина би можела да преземе многу креативни работи.

- Advertisement -

Девелопери нагласува дека вештачката интелигенција не ја направила рекламата сосема самостојно, затоа што прво користел пет различни модели на вештачка интелигенција, а потоа имало потреба од малку уредување, за што го користел Adobe After Effects за да ги спои видеата, дијалогот, музиката и некои прилагодени слики. Вкупно му требале 3 часа за целиот проект.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -