Alphabet направи паметни чевли кои детектираат кога ќе паднете

- Advertisement -

Според извори на CNBC, компанијата-мајка на Google, Alphabet, направила прототип на паметни чевли кои го мерат секое движење и вашата тежина и можат да детектираат кога сте паднале. Овие чевли ќе следат и дали забрзано качувате килограми, што е знак за срцеви заболувања, или ќе испраќаат известување ако паднете на земја. Ова може да биде особено корисно за луѓето кои имаат проблеми со движењето, а сепак сакаат да бидат независни.

Уште не е познато дали навистина ќе се произведуваат или не. Компанијата Verily, која е во рамките на Alphabet и се занимава со иновации врзани за здравјето на луѓето, наводно, бара партнер за развој на овие чевли и изминатите месеци ја претставувала идејата пред повеќе компании.

- Advertisement -

Нема да биде чудно ако навистина почна да се произведуваат ваквите чевли затоа што би биле во согласност со моменталната стратегија на Verily за развој на релативно неинвазивна технологија која ќе помогне да се собираат витални податоци за здравјето на луѓето. Исто така, би било пореалистично отколку неодамна откажаните контактни леќи за мониторинг на нивото на шеќер.

Сподели!
- Advertisement -