Мате Римац и неговиот тим честопати нагласуваат дека Rimac Nevera е електричен хиперавтомобил кој е создаден за соборување рекорди. Тоа го потврдува и новото тестирање во Германија, каде што Nevera постави вкупно 23 независно потврдени брзински рекорди и сега ја држи титулата за најмногу рекорди за перформанси сборени во еден ден, како што можете да видите од видеото во прилог.
Главниот рекорд кој е соборен е постигнат на тестот 0-400-0, кој општо се смета за ултимативен тест за перформанси на хиперавтомобил по права линија и вклучува тест на забрзување, аеродинамика, најголема брзина и моќ на сопирања. Nevera сега стана неприкосновен првак со ново рекордно време од 29,93 секунди, што е над 1 секунда побрзо од претходниот рекордер. rimac-*
Рекордите се соборени во погонот Automotive Testing Papenburg (ATP) во Германија по рамна патека од 4 км, а независно ги потврдија Dewesoft и RaceLogic. И двата верификатори од трета страна имале тимови на лице место за да ги поддржат активностите на соборување рекорди и осигураа дека нивната опрема во совршена работна состојба.
Во текот на својот рекорден ден Nevera дури ги надмина сопствените спецификации и забележа забрзување од 0 до 100 км за 1,74 секунди (во споредба со претходните 1,85 секунди).
Автомобилот при соборувањето на рекордите бил опремен со Michelin Cup 2 R гуми дозволени за пат на неподготвен асфалт.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)