Facebook почнува да наплаќа членарина за групите на социјалната мрежа

- Advertisement -

Популарната социјална мрежа воведува новина која би можела да предизвика бура меѓу корисниците и напуштање на Facebook. Facebook го најави стартот на пилот-проектот кој има за цел наплаќање на членарина за членство во Facebook групите. Како причина за промената на својата досегашна политика базирана на беплатна услуга ја наведуваат желбата да дадат поддршка за администраторите на групите кои со секојдневниот ангажман придонесуваатза квалитет и раноликост на групите, пренесува N1info.

„Поттикнати од прашањњата на одредени администратори на групи на Facebook, одлучивме дека е време да им дадеме поддршка за својата квалитетна работа да можат да ја продолжат во финансиски посигурна средина“ се вели во официјалното соопштение на компанијата.

- Advertisement -

Пилот-проектот стартува денес и ќе биде имплементиран на неколку Facebook групи, чии корисници ќе добијат исвестување дека за понатамошно членство во групата мора да платат членарина. СПоред јавно достапните информаци, месечната цена за користење на платфромата ќе ја одредат самите администратори, а ќе се движи од 4,99 до 29,99 долари. Претплатата ќе биде извршена на едноставен начин со уплата на бараниот износ преку Facebook апликацијата за iOS и Android уреди.

„Сметаме дека мерката ќе им овозможи на администраторите за заработат пари со нивниот ангажман за одржување на групите и тоа на ркај ќе придонесе за развој на дигиталната заедница“ додаваат од Facebook.

Сподели!
- Advertisement -