Езерата во светот исчезнуваат, а тоа може да има сериозни последици

- Advertisement -

Повеќе од половина од езерата во светот и резервоарите губат вода и пресушуваат уште од раните деведесетти, главно поради глобалното затоплување и климатските промени, што уште повеќе загрижува поради потребите за вода во земјоделството, хидроенергијата и човечката потрошувачка. Тоа го покажа новата студија која ја објави меѓународен истражувачки тим во списанието Science.

Научниците објавија дека некои од најбитните светски извори на слатка вода – од Каспиското Море меѓу Европа и Азија до јужноамериканското езеро Титикака – посебно губат вода со кумулативна стапка од околу 22 гигатони во текот на речиси 30 години, што е околу 17 пати повеќе од волуменот на езерото Меад, најголемиот резервоар во САД.

- Advertisement -

Велат дека осушувањето во најголем дел е предизвикано од глобалното затоплување и човечките активности, а резултатите од истражувањето се базираат на податоци од сателитски снимки собрани од 1992 до 2020 година. Истражувачкиот тим предводен од хидрологот Фангфанг Јао од Универзитетот Колорадо, сателитските мерења ги комбинирал со мерења на нивото на водата во речиси 2.000 најголеми светски езера и резервоари.

Научниците потсетуваат на тоа дека природните езера и резервоари чуваат околу 87% од слатката вода на Земјата, иако покриваат само 3% од површината на планетата. Предупредуваат дека во многу случаи тие резервоари на вода се загрозени. Откриваат дека неодржливото користење од страна на луѓето, промените во количината вода која истекува, седиментацијата и се повисоките температури резултираат со пад на нивото на водата во езерата на глобално ниво, при што падот е забележан во 53% од езерата во периодот од 1992 до 2020 година.

- Advertisement -

Речиси 2 милијрди луѓе, кои се жители на езерските базени кои постојано се сушат, директно се погодени од тоа намалување на водата во езерата, а многу региони во светот последните години се соочуваат со недостиг на вода. Шпанија, на пример, неодамна извести дека резервоарите во североисточниот регион Каталонија се полни само 26% после неколкумесечна суша. Во 2022 година тој процент беше 58%.

И во Италија неодамна беше забележан невообичаено низок водостој во езерото Гарда. Во споредба со истиот период во 2022 година нивото годинава е пониско за дури 50%.

- Advertisement -

Студиите направени последните години укажуваат на тоа дека волуменот на езерата ширум светот постојано се намалува, а како главна причина за тоа се наведуваат климатските промени. Погубни се и човечките активности од типот на управувањето со акумулациските езера, црпењето вода и промените во користењето на земјиштето. Но, научниците велат дека тешко е да се одреди прецизно каков краткорочен и долгорочен ефект на водата во езерата имаат климатските промени.

(Zimo)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -