Црното Море се наоѓа на прагот на уништување

- Advertisement -

Животот во Црното Море е се посиромашен поради неговата полузатвореност, која предизвикува слаб проток на кислород, а ситуацијата дополнително ја влошуваат и претераниот лов, нечистите реки, изградените брани, изнвазивните врсти и проментие на климата, предупредија неделава на пленарна седница на Европскиот парламент.

Специфичната положба на Црното Море, кое со Средоземното го спојува теснецот Босфор, предизвикува слаб проток на вода, што доведува до бројни проблеми ви биодиверзитетот на тоа подрачје.

- Advertisement -

Црното Море е блиску до т.н. црвена линија зад која процесор на пропаѓање на екосистемот може да стане неповратен, предупреди д-р Радослава Бекова од Институтот за океанологија на Бугарската академија за науки во студијата „Бугарско робарство и аквакултура во Црното Море“ и додаде дека на биодиверзитетот најголемо влијание има индустрискиот риболов.

Залихите на робо забрзано се намалуваат, а изумирањето на одделни врсти достигна критично ниво. Најзагрозени се скушите, есетрата и харингите, а особено загрозен е обичниот дупин, се наведува во студијата која во соработка со бугарската академија ја објави Светската организација за заштита на природата.

- Advertisement -

Според податоците на Обединетите нации, од сите светски мориња рибјиот фонд е во најлоша состојба на Медитеранот и во Црното Море. Црното Море го загрозуваат и климатските промени, загадувањето и се полошата состојба на бредот. Според неодамнешни истражувања, најголем загадувач е пластиката, која сочинува 85% од отпадот, а промената на климата влијае повеќе на температурата на морето.

Бугарскиот европратеник Иво Христов од редовите на социјалдемократите во Европскиот парламент минатата недела предупреди дека во опасност се сите видови освен папалина. Европарламентарците во средата на пленарна седница го усвоија неговиот извештај за предизвиците и можностите за црноморскиот рибарски сектор, во кој повикува на преземање итни мерки.

- Advertisement -

(dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -