Кога патувате она што најмногу ве нервира е кога мора да плаќате за Интернет, кој денес е едно од основните човечки права. Анил Полат е инженер за компјутерска безбедност кој многу често патува и пишува блогови. Тој направи интерактивна мапа – која редовно ја надградува и обновува – на која можете да најдете лозинки за Wi-Fi во многу аеродроми од целиот свет. Се што треба да направите е да кликнете на интерактивната мапа за да ја видите локацијата на бесплатниот Wi-Fi и лозинката.
Business Insider пишува дека Полат се надева дека еден ден ќе може да каже дека ги посетил сите земји во светот. Неговиот блог се вика foXoMad и има за цел да им помогне на луѓето да патуваат попаметно. Неговата мапа WiFox постојано се обновува врз основа на проверени информации од страна на патници. Мапата е достапна за iOS, Android и ја има на Google Play. Мапата можете да ја најдете на следниот линк https://foxnomad.com/2016/04/26/map-wireless-passwords-airports-lounges-around-world-updated-regularly/.