Нова студија која ја спроведе Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека доволно спиење може да ви го продолжи животот за неколку години, додека немањето доволно сон може да го има спротивниот ефект.
Огромна бројка од дури 80% од смртните случаи во светот може да се последица на недоволно спиење или немање квалитетен сон. Според оваа нова студија, истражувачите откриле дека ако спијат доволно и квалитетно, животниот век на мажите може да се продолжи за дури 4,7 години, додека на жените за 2,4 години.
Научниците не ја знаат причината за огромната разлика во ефектите кои ги има сонот врз мажите и женните, но советуваат да ги почитуваме најбитните 5 столбови на добрата хигиена на сонот:
-7-8 часа спиење ноќе
-спиењето да биде генерално непрекинато
-не треба да имате проблеми да заспиете повеќе од двапати неделно
-барем 5 дена во неделата треба да се будите одморени наутро
-и не треба да земате екарства за да заспиете.
Ако ги почитувате овие столбови, ќе го намалите ризикот од појава на срцеви заболувања и канцер, како и ризикот да умрете од која било друга причина.
Има повеќе начини да ја подобрите хигиената на спиење. На пример, можете да одите на спиење и да се будите во исто време секој ден, дури и за време на викенд. Можете спалната да ја чувате затемнета, тивка и со пријатна температура. Можете да избегнувате алкохол, кофеин и да јадете обилни оброци пред легнување. Исто така, да престанете да користите електронски уреди во спалната соба и да практикувате да вежбате секој ден.
(World Economic Forum)
(фото: Piqsels)