Израел го гради најдолгиот подводен електричен кабел во светот

- Advertisement -

Израел, Грција и Кипар активно работат на реализација на плановите за изградба на најдлгиот подводен електричен кабел во светот од цели 150 км, кој ќе служи како енергетски мост меѓу Израел и европските нации.

Израелското Министерство за енергија вчера го најави почетокот на изградбата и откри дека целта е Израел да се претвори во енергетска сила, како и да се зајакне меѓународната позиција на земјата. Кабелот делумно ќе биде финансиран од ЕУ.

- Advertisement -

Кабелот ќе биде изграден паралелно со израелскиот брег и ќе пренесува електрична енергија до земји во средишниот и северниот дел на Европа. Кабелот главно ќе пренесува обновлива енергија произведена во јужниот дел на земјата.

Освен што ќе го поврзува израелскиот енергетски систем со Европа преку Кипар, кабелот исто така ќе ги поврзе и другите земји од заливот преку Јордан и Египет.

- Advertisement -

Од Министерството за енергија и инфраструктура планот го нарекоа „револуционерен и прекуграничен проект кој ќе ја унапреди електричната мрежа на Израел и ќе ја зајакне позицијата на земјата во регионот“. „Енергијата е моќ, а Израел ќе стане енергетска сила“ додаваат оттаму.

Нивниот сосед Турција во 2021 година се противеше на проектот и се уште не е задоволна од тоа што ќе се реализира. Турските власти трвдат дека кабелот поминува низ турски води. Исто така, сметаат дека трите нации кои ќе го релизираат проектот прво треба да побараат дозвола за вршење студија за изводливост.

- Advertisement -

Првичната проценка е дека подводниот електричен кабел од 2.000 мегавати ќе добие и инвестиција од 6 милијарди долари.

Неодамнешните топлотни бранови во Израел предизвикаат прекин на електрилчна енергија затоа што земјата не може да ја задоволи побарувачката. Весникот Times of Israel напиша дека од почетокот на јуни досега 260.000 Израелци биле погодени од прекинот наелектрична енергија додека земјата се бори со температури од над 40 степени Целзиусови.

(Interesting Engineering)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -