DHL ги направи првите возила во светот кои не испуштаат никаква нечистотија

- Advertisement -

Користењето електрични возила кои трошат обновлива енергија е мнгоу подобро за околината отколку фосилните горива, но возилата, генерално, емитуваат повеќе видови нечистотија освен стакленичките гасови. Честички од гумите и од системите за кочење исто така се испуштаат во воздухот, па ниедно возило не е целосно чисто и „зелено“.

Барем досега. Компанијата за брза достава на пратки DHL сега ги направи првите возила во светот кои не испуштаат никаква нечистотија. Во април годинава компанијата почна да користи 5.000 електрични возила. Се покаќа дека трошоците за одржување на возилата се за 80% пониски, а испуштаат 16.000 метрички тони јаглерод диоксид помалку отколку обичните комбиња за достава.

- Advertisement -

Компанијата сега ќе соработува со MANN+HUMMEL, глобален производител на филтри, за своите возила да ги направи целосно „зелени“. Засега пет возила StreetScooter EVs ќе бидат опремени со посебни филтри за честичките од гумите и од системот за кочење и ќе бидат под постојан монитоинг додека вршат достава низ гермнаксите градови. Сите податоци за ефикасноста, концентрацијата на такви честички во воздухот и за временските услови ќе бидат снимани и подоцна анализирани.

Како што пренесува GreenMatters, десетици илјади луѓе во Германија годишно умираат од ефектите на тие честички. Во градот Штутгарт дури има и посебни аларми кои ги предупредуваат луѓето кога концентрацијата на честичките во воздухот е многу голема.

Сподели!
- Advertisement -