Денеска, тимот од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст ја презентираше петгодишната програмата за работа и новата Платформа за пристап до финансии. На презентацијата присуствуваа претставници на компании, организации за поддршка на бизниси, Министерството за економија, Стопанската комора, бизнис акцелератори, консултанти и останати чинители на приватниот и јавниот сектор. Присутните имаа можност да се запознаат со програмата на Активноста која во следните пет години ќе работи на зголемување на растот, вработувањата и продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во земјатa.
Kако дел од програмата на Активноста, беше промовирана новата Платформа за пристап до финансии која ќе го олесни пристапот до финансии на ММСП до расположливите средства на финасиските пазари. Преку платформата ќе бидат ангажирани 32 консултанти со долгогодишно искуство во секторот кои ќе им помогнат на компаниите да пристапат до најоптималните средства со кои ќе ја зголемат продуктивноста, а со тоа ќе влијаат и на нивниот раст и развој.
Во соработка со Министерството за економија, на овој настан исто така беа презентирани и мерките од програмата за поддршка на конкурентоноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2023 година. Овие мерки имаат за цел да ја подигнат конкрурентноста на микро, малите и средните претпријатија, а со тоа и да го подигнат конкурентното ниво на целокупната економија.
Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст соработува со партнери (компании, организации за поддршка на бизниси, едукативни центри итн.) со цел да гo зголеми растот, вработувањата и продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија во земјата преку: вложување (ко-инвестирање) – средства, експертиза и технологии – со компании, центри за едукација и организации за поддршка на бизниси; зголемување на употребата на достапни комерцијални и алтернативни извори на финансирање; подобрување на подготвеноста на ММСП за инвестирање; обезбедување на насочена поддршка на ММСП во застапување и лобирање за прашања кои се од посебен интерес за нив, преку платформата за јавно-приватен дијалог.
Фото- Pixel