Пронајдени докази за органски материи на Марс

- Advertisement -

Роверот Perseverance, кој американската вселенска агенција НАСА го испрати на Марс, на Црвената планета конечно пронајде докази за органски соединендија. Доказите роверот ги пронајде во кратерот Езеро, но не треба да се брза со заклучоците затоа што ова не е гаранција дека на Марс некогаш постоел живот. Овие соединенија можеби се развиле на небиолошки начини. Меѓутоа, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за клучните градежни елементи на животот.

Овој ровер е првиот кој го истражува кратерот Езеро, а тоа го прави од февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека во кратерот некогаш имало езеро, како и делта на река која се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните региони кои може да кријат остатоци од знаци на живот на Марс.

- Advertisement -

Органските олекули како тие што се забележани во кратерот Езеро содржат атомски јаглерод, а честопати и водород. Тие се клучни компоненти на животот што го познаваме на Земјата, но може да се развијат и абиолошки.

Ова е возбудлив траг за астробиологите, затоа што за нив често се размислува како за градежни блокови на животот. Битно е да се знае дека може да ги создадат и процеси кои не се поврзани со животот што го познаваме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе без дополнителни докази кои не може да се објаснат со небиолошки, односно абиотички процеси, вели коавторот на истражувањето Џозеф Расел Холис од Природонаучниоѕ музеј во Лондон.

- Advertisement -

Роверот ги анализирал соедненијата со користење на инструментот SHERLOC (Scanning Habitable Environments with Raman and Luminescence for Organics and Chemicals), кој ги мапира органските молекули и минерали на површината на карпите. Битно е тоа што ги пронашил органските материи на сите десет мети кои ги забележал на дното на кратерот.

Сега кога истражувачите ги набљудувале молекулите ќе треба подобро да ги погледнат во лабораторија за да извлечат дополчнителни заклучоци за нивното потекло. Меѓутоа, ќе мора да ја почекаат мисијата Mars Sample Return, кој нема да биде лансирана кон Земјата до крајот на 2020-тите години.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -