Шпанската влада ќе ги следи луѓето преку мобилните телефони

- Advertisement -

Милиони Шпанци почнувајќи од неделава ќе бидат следени преку нивните мобилни телефони во рамките на контроверзна студија на владата на Шпанија со цел собирање информации за тоа каде патуваат граѓаните и со цел подобрување на јавните услуги. Националниот завод за статистика на Шпанија ги уверуваше луѓето дека осумдневниот проект е целосно анонимен, но тоа не ја спречи загриженоста кај луѓето поради загорзување на нивната приватност.

Трите најголеми шпански оператори на мобилната телефонија – Movistar, Vodafone и Оranге учестуваат во проектот и тврдат дека не го кршат законот со тоа што податоците ќе и ги предадат на владата. Трите компании претставуваат 80% од мобилните корисници во Шпанија.

- Advertisement -

Најпрвин ќе се следат луѓето од до 21 ноември, потоа на 24 ноември, па на католички Божиќ (25 декември), па на 20 јули и на 15 август 2020 година. Покрај достапните информации можно е, на пример, да се види колку мобилни телефони има во 17 часот во одредена улица во кој било град со повеќе од 15.000 луѓе, велат организаторите на студијата.

Не е изненадување што многу Шпанци на социјалните мрежи ги изразија своите сомнежи во оваа идеја. Некои од луѓето велат дека во текот на студијата своите телефони ќе ги стават на авионски режим. Шпанските медиуми дури објавија и информации кои објаснуваат како корисниците на телефони можат да го избегнат следењето во предвидените термини.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето ќе се користат во пописот од 2021 година и ќе откријат кои рути за патување се користат најчесто, кои локации најчесто се избираат за одмор, како и информации за тоа колку луѓето работат или студираат далеку од своите домови.

Сподели!
- Advertisement -