Четботот на Google, Bard, од денеска е достапен и во Северна Македонија

- Advertisement -

Четботот со вештачка интелигенција на Google, наречен Bard енеска беше лансиран во Европа и сега е достапен и за корисниците во Северна Македонија.

Ривалот на ChatGPT денеска официјално дебитираше и во земјите-членки на Европската Унија, откако Google ги разреши безбедносните грижи на корисниците што доведоа до тоа ЕУ да го блокира неговото лансирање.

- Advertisement -

Бард од денеска е достапен на 40 нови јазици, меѓу кои и на српски, хрватски, бугарски и словенски, но сè уште не добил своја верзија на македонски.

Четботот, исто како и ChatGPT, е пример за генеративна вештачка интелигенција која може да одговара на прашања на начин сличен како што би одговорил човек.

- Advertisement -

Возбудата околу способностите на четботовите поттикна дел од глобалните технолошки фигури да повикаат на запирање на нивниот развој.

Google додаде нови функции во Bard кои веќе се применуваат ширум светот, а меѓу нив е и можноста четботот да ги чита своите одговори на глас, но и да нуди одговори преку слики.

- Advertisement -

Матичната компанија на Google – Alphabet за првпат го претстави четботот што се потпира на податоците од Google Search во февруари, кога беше лансиран во САД и Обединетото Кралство.

Лансирањето на Bard во ЕУ беше одложено откако главниот регулатор во блокот – Ирската комисија за заштита на податоците, реагираше дека компанијата не доставила доволно информации за тоа како неговата генеративна алатка за вештачка интелигенција ја штити приватноста на Европејците за да го оправда лансирањето во ЕУ.

(Meta.mk)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -