Денови на филигранство и накит во Скопје Сити Мол

- Advertisement -

Занаетчиската комора Скопје во соработка со Скопје Сити Мол, по четврт пат го организираат настанот „Денови на филигранство и накит“, со кој сакаат да се даде поддршка на зачувувањето на културната традицијата но и да им дадат можност на занаетчиите да се престават во современ продажен објект и да се понудат на поголем пазар.

Овој викенд од 4ти до 6ти мај на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи базарот, на кој ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает и уникатниот накит кој претставува дел од македонската традиција.

- Advertisement -

Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На „Денови на филигранство и накит“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полускапоцени и скапоцени камења, оргонит. Целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците што ја испреплетиле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно. Филигранскиот накит претставува уникатен и прекрасен украсен објект кој го одзема здивот и е вистинска скапоцена глетка.

- Advertisement -

Во рамките на тридневниот настан „Денови на филигранство и накит“, заинтересираните посетители ќе имаат ексклузивна можност на самото место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает. Оваа промоција е прекрасен начин да се сочува традицијата и културата споена со модниот дизајн. За да се искуси моќта на кое било занаетчиство и да се допре, види и почувствува дизајнот, занаетот мора да му даде постоење, изведба и реализација на дизајнот, па токму и затоа тие не можат еден без друг.

Според организаторите, со тек на времето се губат традиционалните културни вредности меѓу кои се вбројува и филигранот, но бидејќи од минатото не може да се живее, потребно е насочување и фокусирање кон иднината, за да се спојат со современото живеење и за да се создадат нови вредни и уникатни производи кои ќе влезат во креативната индустрија во земјата, но и во странство.

Сподели!
- Advertisement -