Најбогатите 500 луѓе во светот заработиле 1 трилион долари во 2017 година

- Advertisement -

Во 2017 година, најбогатите 500 луѓе во светот станале уште побогати за 1 трилион долари, пишува во најновиот извештај на Bloomberg. Се работи за зголемување од 23% односно четири пати повеќе отколку минатата година, пишува Business Insider.

The Bloomberg Billionaires Index открива дека најбогатите 500 луѓе во светот контролирале околу 5,3 трилиони долари заклучно со 26. декември 2017 година, додека пак пред една година на 27. декември 2016 година контролирале околу 4,6 трилиони долари.

Во октомври годинава, титулата најбогат човек во светот му припадна на основачот и извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, симнувајќи го Бил Гејтс на втората позиција. Безос во 2017 година додал на своето богатсто неверојатни 34,2 милијарда долари, за вкупно богатство од 99,6 милијарда долари.

- Advertisement -

Богатството на Гејтс, пак, изнесува околу 91,3 милијарда долари, а истото му се намали годинава поради неколку големи донации, меѓу кои и онаа од 4,6 милијарда долари за фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Тој не е единствениот кој падна на листата поради извршена голема донација на своето богатство. Во октомври, Џорџ Сорос исто така уплатил 18 милијарда долари минатите години на сметка на својата фондација Отворено општество. Сорос се наоѓа на 195. место на листата на најбогати, со богатство од 8 милијарда долари.

- Advertisement -

Како што изјавуваат аналитичарите, една милијарда долари веќе не вредат толку колку што вредеа порано. Одредени недвижности веќе достигнуваат цени и од 300 милиони долари, трошоците за развод може да стигнат и до 1 милијарда долари, а годинава се сруши рекорд и со најскапата продажба на уметничко дело – слика од Леонардо да Винчи која беше продадена од аукциската куќа Christie’s за 450,3 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -