Еве што се предвидува за 1,4 милијарди вработени во светот во наредните 3 години

- Advertisement -

Иако многу истражувања за влијанието на вештачката интелигенција даваат прилично загрижувачки резултати, едно од последните истражувања на IBM покажува дека сепак не е се така сиво. Она што е сигурно е дека вештачката интелигенција значајно, а веројатно и радикално ќе влијае на пазарот на труд и дека многумина ќе останат без работа, но постои и друга страна која покажувала малку пооинаква слика.

Истражувачи од IBM свјата студија ја базираат на претходни две истражувања – едното меѓу директори на 3.000 компании од 28 земји, а другото меѓу околу 21.000 вработени од 22 држави. И тие студии го заклучуваат она што на сите им е јасно – дека со вештачката интелигенција работите никогаш нема да бидат исти. Но, тоа не значи дека ќе бидат полоши, туку напротив.

- Advertisement -

Имено, речиси 90% од испитаните директори веруваат дека во компаниите вештачката интелигенција нема да се имплементира за да ги замени луѓето, туку за да ги подобри нивните способности, односно за да бидат попродуктивни и поефикасни. За да се постигне тоа, односно за луѓето да бидат попродуктивни и да не добијат откази потребна е една битна работа – стекнување вештини. Така, од IBM веруваат дека во текот на наредните три години дури 40% од вработените или речиси 1,4 милијарди луѓе ќе мора да ги променат своите вештини, односно да научат нови.

Како најбитен заклучок на истражувањето на IBM нагласуваат: вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, но затоа луѓето кои користат вештачка интелигенција ќе ги заменат оние кои нема да ја користат. Истото веќе некое време го повторуваат бројни експерти кои вработените ги поттикнуваат на едукација за спремни да го дочекаат времето кога нивните компании ќе го стават акцентот на вештачката интелигенција и нејзината имплементација во секојдневните работни процеси.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -