Google наполни 20 години

- Advertisement -

Пред точно две децении двајца студенти го стартуваа и го регистрираа Google како приватна компанија, а пред 10 години беше стартува пребарувачот Google Chrome. Како што пишува британски Мetro, на 4 септември 1998 година двајцата студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин додека работеле во гаража одлучиле нивната животна мисија да биде да ги организираат сите информации на светот за сите да можат да ги користат. Така се роди Google, пишува Bizlife.

Оттогаш до денес Google  стана место каде што одат луѓето од целиот свет за да пронајдат одговори за едноставни или тешки прашања, а понекогаш и на некои банални прашања. Во меѓувреме Google рерасна во бизнис империја која на корисниците им помага да пристапат до корисни или бескорисни информации, им дава насоки преку Google Maps, помага меѓусебно да бидат во контакт преку Gmail и ги учи луѓето како да си ја врзат краватата преку видеа на YouTube.

- Advertisement -

Google на корисниците им овозможи да комуницираат на повеќе од 100 јазици преку Google Translate, како и да истражуваат места кои не би можеле да ги видат без Google Earth.

Сподели!
- Advertisement -