Товарен брод со цврсти едра тргна на првото патување

- Advertisement -

Товарен брод опремен со цврсти едра од британско производство заплови на своето прво патување, пренесува BBC. Компанијата Cargill, која се занимава со прекуморски транспорт, се надева дека оваа технологија ќе помогне индустријата да зачекори во позелена иднина. Цврстите едра WindWings се дизајнирани така да ја намалуваат потрошувачката на гориво, а со тоа и карбонскиот отпечаток на бродовите. Се проценува дека индустријата за бродски транспорт е одговорна за околу 2,1% од глобалната емисија на CO2.

Бродот наречен Pyxis Ocean тргна на своето прво патување, кое воедно ќе биде и тест за WindWings едрата во реалниот свет. Тоа че биде прилика да се процени дали враќањето на традиционалниот начин на пловидба може да донесе напредок во транспортот на товар преку вода.

- Advertisement -

Кога бродот е паркирам,, драта се собрани, а кога ќе се најде на отворено море. Високи се 37,5 метри и се направени од истиот материјал од кој се прават турбини на ветар, поради што се издржливи. Едрата помагаат бродот да ја користи снагата на ветрот за пловидба, така да не мора да се потпира само на моторото, а на овој начин во текот на животниот век на бродот ќе се намали и емисијата на гасови за 30%.

На Pyxis Ocean ќе му бидат потребни околу шест недели за да стигне на својата крајна дестинација, но патувањето ќе биде и пресврт за морската индустрија. Некои предвидуваат дека до 2025 година половина од новите бродови ќе работат на погон на ветар, а причината за тоа е заштеда на гориво. Користењето на четири едра на бродот штеди 6 тони гориво дневно, односно 20 тони CO2. Јасно е дека се работи за огромни бројки.

- Advertisement -

Технологијата за едрата е дизајнирана во Велика Британија, но производството се врши во Кина. Причината за тоа е недостигот од поддршка од британската влада во ннамалувањето на трошоците за увоз на челик.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -