Facebook на корисниците им овозможи креирање анкети

- Advertisement -

Facebook воведе нова опција која на корисниците им овозможува да креираат анкети од две прашања, по што нивните пријатели и следбеници можат да гласаат на News Feed.

Како што пренесува B92.net, овата опција е достапна на дектоп и на мобилната верзија на Facebook, а освен поставување најмногу две прашања, може да се прикачат и фотографии и гифови покрај секој одговор.

- Advertisement -

Она што е битно е дека анкетите не се анонимни, така што лицето кое ќе креира анкета, како и сите кои гласале, може да го видат вашиот одговор. Исто така, ни анкетите на Instagram не се анонимни.

Facebook претходно експериментираше со анкети, но немаше константен начин за анкети кој би функционирал на страници и на стандардни профили.

- Advertisement -

Сега по купувањето на tbh, анкетна апликација многу популарна меѓу тинејџерите, се чини дека Facebook одлучи да посвети повеќе внимание на оваа опција.

Сподели!
- Advertisement -