Дела целосно изработени со вештачка интелигенција не можат да бидат заштитени со авторски права, одлучи американски суд

- Advertisement -

Авториските права постојат со јасна цел правно да ја заштитуваат интелектуалната сопственост на луѓето, така што таа не би можела да се употребува или злоупотребува од други страни без одобрение на авторот.

Меѓутоа, во услови на забразан развој на вештачката интелигенција, почнаа да се наметнуваат и бројни прашања за тоа дали генераторите на вештачка интелигенција ги прекршуваат законите за авторски прави и дали воопшто креативните дела кои се изработени со помош на вештачка интелигенција можат сами по себе да бидат заштитени како интелектуална сопственост.

- Advertisement -

Еден одговор добивме од американската федерална судијка Берил Хауел, која одлучи дека секое дело создадено исклучиво од машина не може да подлежи на правна заштита како интелектуална сопственост.

Судијката Хауел објасни дека секое дело кое бара заштита мора да има „создавач со капацитет за интелектуален, креативен или уметнички труд“. Дали тој иницијатор треба да биде човечко суштество за да бара заштита на авторските права? Според Хауел, одговорот е категорично „да”.

- Advertisement -

Одлуката била донесена во врска со поднесено барање за правна заштита на интелектуална сопственост за два пронајдоци за кои било наведено дека биле измислени исклучиво од вештачка интелигенција. Барањето било поднесено уште во 2018 година, но Управата за авторски права тогаш го одбила, по што следувала жалба од подносителите.

Меѓутоа, што со делата кои се делумно создадени со помош на вештачка интелигенција?

- Advertisement -

Според сегашната практика, секое вакво барање ќе се разгледува на индивидуална основа, при што Управата за авторски права на САД треба да добие доказ дека доставеното дело потекнува од „оригинална ментална концепција“ на човечки автор.

Овој пристап се базира на претходна пресуда од порано годинава која предвидува дека во делата создадени со помош на машина треба да има значителен човечки допир за тие да можат да бидат заштитени со авторски права.

Извор – Маркетинг 365

Foto – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -