Светска банка: Рекордно ниска стапка на сиромаштија во светот

- Advertisement -

Стапката на сиромаштија во светот падна на рекордно ниско ниво, соопшти Светска банка. Десет проценти од луѓето во светот живееле со помалку од 1,9 долари дневно во 2015 година, додека две години претходно тој процент бил 12%. Тоа значи дека во 2015 година 735,9 милиони луѓе во светот дневно живееле под прагот на сиромаштијата во однос на 804,2 милиони во 2013 година.

Сиромаштијата е намалена во сите делови од светот, освен на Блискиот Исток и на северот на Африка, каде што судирите во Сирија и Јемен ја зголемија стапката на сиромаштија на 5% во 2015 година од 2,6% во 2013 година. Во Супсахарка Африка стапката на сиромаштија е 41,1%, во јужна Азија е 12,4%, во Латинска Америка и на Карибите е 4,1%, во источна Азија и во пацифичкиот регион е 2,3%, а во Европа и во централна Азија е 1,5%, пренесува Bizlife.

- Advertisement -

„Во изминатите 25 години повеќе од милијарда луѓе се извлекоа од екстремна сиромаштија и глобалната стапка на сиромаштија сега е пониска од кога било во забележаната историја. Тоа е едно од најголемите достигнувања на човештвото во наше време“ изјави претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким.

Околу половина од земјите во светот сега имаат стапка на сиромаштија пониска од 3%,  но од Светска банка наведуваат дека светот како целина не е на пат да достигне помалку од 3% од луѓето да живеат во екстреммна сиромаштија до 2030 година.

- Advertisement -

Од 1990 до 2015 година стапката на сиромаштија паѓаше за околу 1% годишно, од речиси 36% на 10%, но од 2013 до 2015 година вкупно падна 1%. Според прелиминарните проценки на Светска банка, годинава во екстремна сиромаштија живееле 8,6% од луѓето.

Сподели!
- Advertisement -