отворен повик за млади (средношколци, студенти и основачи/вработени во стартапи) за учество на т.н. Green Solutions Hackathon кој ќе се одржи на 15-16 септември 2023г. во Тетово.
Целта на хакатонот е да им се овозможи на младите да стекнат нови вештини преку менторски сесии и работилници и да разменат искуства од областа на одржливи, иновативни и зелени деловни решенија. Дополнително, преку хакатонот ќе им се обезбедат можности на младите за добивање средства за реализација на нивната „зелена идеја“.
Највисоко рангираните зелени идеи ќе добијат можност да се натпреваруваат за една од следниве награди:
- Првопласираната екипа ќе добие награда од 30.000 МКД.
- Највисоко рангираните 3 тима ќе учествуваат на следното Инвестициско Рандеву за зелени решенија со потенцијални финансиери во земјата и регионот организирано од GIZ.
- Највисоко рангираните тимови ќе добијат можност да учествуваат на специјализирана обука за: 1] Одржливо корпоративно работење и 2] Изработка на Бизнис План организирана во соработка со ProCredit Банка.
- Највисоко рангираните тимови ќе бидат повикани на Master Class – From Idea to Startup и Workshop on Idea Screening со основачот на Networker, Сања Митровска.
- Највисоко рангираните тимови ќе добијат покана да учествуваат на повикот на 700 Accelerator и ќе добијат шанса да добијат инвестиција до 40.000 евра.
- Средношколците кои ќе учествуваат на Green Solutions Hackathon ќе бидат поканети да земат активно учество на специјализираната едукативна работилница за зелени бизнис модели организирана од НВО Институт Либерална Алтернатива (LAI) .
Хакатонот е организиран од SEEUTechPark и Институт Либерална Алтернатива (LAI) со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GmbH ( GIZ ) под покровителство на германската соработка, SENECA Green, и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.
Го споделувам и линкот до целосниот повик којшто ги содржи сите информации.