Tеламон ја пушти во употреба новата производствена линија во вредност од 8 илиони евра

- Advertisement -

Реномираниот производител на делови за автомобилската индустрија “Теламон“ заокружи вкупна инвестиција во државата од 8 МИО ЕУР

Компанијата “Теламон – Европа“ го пушти во употреба новиот, втор производствен погон со површина од 2.100 m2 во кој во изминатиов месец беше инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија, со капацитет за производство од 10.000 единици на ден. Дополнително, во завршна фаза е и конфигурацијата на втора производна линија, со капацитет за производство од 2.500 единици, која ќе биде оперативна најдоцна до септември 2023 година.

- Advertisement -

Со овој деловен потег, “Теламон“ вработува вкупно 250 лица. Со инвестицијата, до крајот на 2023 година, капацитетот на производството на “Теламон – Европа“ ќе се зголеми на 10 милиони единици, планирани до крајот на 2023 година.

Досегашната инвестиција на “Теламон“ од 5 милиони евра се зголемува и со оваа нова производна единица компанијата книжи вкупна инвестиција во државата од 8 милиони евра. Покрај директната финансиска инвестиција, “Теламон – Европа“ на годишно ниво, по основ придонеси и даноци, во буџетот на Република Северна Македонија уплаќа над 400 илјади евра.

- Advertisement -

Отворањето на новата линија и погон е дел од нашата долгорочна деловна развојна стратегија. Со пуштањето на овој погон, недвосмислено ја потврдивме нашата ориентација – преку Македонија, опслужување на Европскиот пазар и достигнување на светските компании од авто-мото индустријата. Со негување на култура на развој, ориентирана кон пласман на производство согласно деловните потреби на нашите клиенти, подготвени сме за нови деловни подвизи и уште повеќе достигнувања.“ – изјави г-дин Георги Тренкоски, Плант Менаџер, “Теламон – Европа“.

###

- Advertisement -

ЗА КОРПОРАЦИЈАТА “ТЕЛАМОН“

Корпорацијата “Теламон“ е специјализирана за дизајн, развој и изработка на решенија за индустриско производство и телекомуникациски мрежи. Со седиште во Кармел, Индијана, Соединети Американски Држави, “Теламон“ работи глобално, на три континенти – Америка, Европа и Азија. Сочинета е од две дивизии – “Теламон Индустриски Решенија“ (Telamon Industrial Solutions) и “Теламон Телекомуникациски Решенија“ (Telаmon Telecom Solutions), кои имаат директен импакт и размена на искуства со компаниите-ќерки надвор од САД. Мисијата на Корпорацијата “Теламон“ е да “овозможи поврзување што овозможува живот“ и со таа деловна филозофија, преку посветеност и поддршка на Клиентите, “Теламон“ води во дизајнирање, градење и инсталирање телекомуникациски мрежи па сè до безбедноста во автомобилите преку индустриското производство на кабли за воздушни перничиња, појаси, команди на волан и други делови за автомобилската индустрија, на светско ниво.

www.telamon.com

ЗА “ТЕЛАМОН – ЕВРОПА“

Како дел од својата развојна стратегија, Корпорацијата “Теламон“ во 2018 година ја основа компанијата “Теламон – Европа“ со седиште во Скопје – фирма ќерка, која ги проширува можностите и понудите на компанијата на европскиот пазар. Со производни капацитети сертифицирани според стандардите ISO 9001: 2015 и IATF16949, компанијата обезбедува висок квалитет низ текот на сите оперативни чекори. Со посветеноста кон извонредност и пристапот насочен кон клиентите, “Теламон – Европа“ дополнително го зајакнува глобалното присуство на “Теламон“ и обезбедува решенија и услуги во областа на индустриското производство, со примарен фокус на автомобилската индустрија.

Сподели!
- Advertisement -