Нов тип на батерии кои се безбедни, ефикасни и нетоксични наскоро ќе се најдат во продажба благодарение на заеднички истражувачки проект на австралиски и кинески научници.
Истражувачи од Универзитетот Флиндерс во Јужна Австралија и Научнотехнолошкиот универзитет Жеиџанг во Кина ги направија првите водени батерии со алуминиумски радикали, кои содржат електролити базирани на вода наместо опасни материи. Батериите можат да овозможат стабилна волтажа од 1.25 V и капацитет од 110 mAh g–1 во текот на 800 циклуси со минимална деградација.
Нивното откритие е објавено во престижниот научен весник Journal of American Chemistry. Д-рКаи Жанг од Научнотехнолошкиот универзитет Жеиџанг заедно со професорот Жонгфан Џиа од Универзитетот Флиндерс ја истражувале електрохемијата на стабилните радикали.Стабилните радикали се органски молекули кои нашироко се користат во различни органски батериски системи. Тие никогаш досега не се искористени во алуминиум-јонски батерии поради недоволно разбирање на нивната електрохемиска реакција во електролитите.
Сега истражувачите откриле дека стабилниот радикал TEMPO може да помине низ диспропорцијација во присуство на Луисова киселина, што овозможува формирање на радикални батерии од алуминиум.
Професорот Џиа вели дека најголем дел од батерите содржат штетни материи и може да ја загадуваат околината кога ќе се фрлат на депонија или на друго место. Тој вели дека материјалите како олово, кадмиум и жива можат да ги затрујат луѓето, животните и да ги загадат почвите и водите, а се задржуваат во природата долго време.
Тој додава дека батериите кои содржат електролити базирани на вода и се отпорни на пожар и стабилни на отворен воздух воедно се многу безбедни и одржливи. Потенцира о дека користеле биоразградливи материи со цел да се намали штетното влијание врз околината.
Нивното истражување е објавено во весникот Journal of American Chemistry.
(Interesting Engineering)
(фото: Max Pixel)