Океаните кријат планини од скриен шеќер

- Advertisement -

Скриени под брановите и во длабочините, океаните содржат огромни резерви на шеќер за кои претходно не сме биле свесни дека постојат, тврдат научнциите. Благодарение на ново истражување, научниците открија дека морската трева на дното на океаните може да содржи огромни количини на слатки материи под нивните листови. Шеќерот е присутен во форма на сахароза, која е главната состојка на шеќерите кои се користат во готвењето, а морската трева ги испушта на океанското дно и на делот кој е еден вид на корен нарече ризосфера. Тоа значи дека концентрацијата на шеќери на морското дно е околу 80 пати поголема од вообичаено.

Под морската трева ширум светот може да има до 1,3 милиони тони сахароза, тврди тимот истражувачи, а тоа е доволно за околу 32 милиони лименки Coca-Colа. Јасно е дека овде станува збор за значајна количина скриен шеќер.

- Advertisement -

„Морската трева произведува шеќер во текот на фотосинтезата. Во просечни светлосни услови овие билки коистат најголем дел од шеќерот што го произведуваат за сопствениот метаболиам и раст. Но, во услови на поголема количина светлина, на пример попладне или во текот на летото, билките произведуваат повеќе шеќер отколку што можaт да искористат или да складираат, тaка што вишокот сахароза го ослободуваат во ризосферата“ објаснуваат научнциите.

Меѓутоа, изнендува тоа што вишокот шеќер не го трошат микроорганизмите во околината. Истражувачите ја тестирале својата хипотеза во вистинско поле од морска трева за да потврдат дека тоа навистина се случува, а користеле техника на масена спектрометрија.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Haptic)

Сподели!
- Advertisement -