Промовирана Британска бизнис асоцијација во земјава

- Advertisement -

Првата Британска бизнис асоцијација (ББА) во државава, организација чија цел е унапредување на трговските врски со Обединетото Кралство, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси, денеска беше промовирана во Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Основачи на Асоцијацијата се компаниите Џонсон Мети и Сопро и рудникот САСА.

-Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан. Го цениме ова партнерство и ќе продолжиме да ја надградуваме оваа успешна приказна и да ги зајакнуваме нашите трговски врски. Како силен партнер и близок пријател заинтересирани сме и подготвени  да бидеме ваш претпочитан трговски и инвестициски партнер преку нашите индустриски способности, инвестициски екосистем и владина поддршка. Британските бизниси застапуваат транспарентност, одржливост, иновација, соработка и партнерство, а токму целта на ББА е да ги промовира овие вредности во рамките на македонското деловно опкружување во тесна соработка со сите чинители, рече британскиот амбасадор Метју Лосон на промоцијата на Асоцијацијата.

Сподели!
- Advertisement -